Турските безбедносни сили започнаа антитерористичка операција против ПКК

Турција ја почна антитерористичката операција „Каран-5″ со вклучување на речиси три илјади припадници на силите за безбедност, соопшти турското Министерство за внатрешни работи. Операцијата ја изведуваат 179 тимови со 2.625 луѓе во округот Дијарбакир, Бингол и Муш во источна Турција.