Бајден го избра Николас Брнс за нов амбасадор во Кина

Претседателот на САД Џо Бајден денеска го номинираше дипломатот од кариера Николас Брнс за амбасадор во Кина и поранешниот градоначалник на Чикаго Рам Емануел за амбасадор во Јапонија, пренесува Си-Ен-Ен. Белата куќа, исто така, соопшти дека Бајден назначил друг искусен дипломат, Мајкл Битл, за амбасадор во Танзанија.