Судијката Лаличиќ го казни адвокатот Алиспајиќ бидејќи ја навредил на Фејсбук

Судијката Софија Лаличиќ го казни адвокатот Асмир Алиспајиќ со парична казна од 2.000 евра, поради објавен статус на неговиот фејсбук профил, во кој напиша „Сваровски судијата Софија Лаличиќ дно од судија, под итно разрешување“. Адвокатот Алиспајиќ решението го објави на својот Фејсбук профил.