Карпош: Во стан пронајдено тело на мртов маж

Вчера во текот на утринските часови во населбата Карпош во Скопје, било пронајдено мртво тело на 54-годишен маж, информираат од МВР. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, при што било констатирано дека немало траги на насилство. Се работи на расчистување на случајот.