Повеќе од 20 српски војници повредени во автобуска несреќа

Најмалку 23 српски војници се повредени откако се преврте автобус во близина на Врање, јавија српските медиуми. Несреќата се случила околу 12:30 часот и повредените војници се хоспитализирани. Автобусот се движел од правец на Големо Село кон Врање. Засега нема информации за состојбата на повредените.