Тафталиџе и Карпош повторно без струја

Електричната енергија си „поигрува“ со граѓаните во Скопје. Веќе цела недела ЕВН не може да го отстрани дефектот на трафостаницата во Козле, поради која граѓаните во повеќе наврати, изминатава недела периодично немаат струја.

До пред извесно време во скопските населби Карпош и Тафталиџе немаше струја четириесеттина минути, се надеваме дека во иднина  ЕВН ќе го надмине овој проблем.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија настана денеска во 15:50 часот за корисниците кои се напојуваат од трафостаниците кои се поврзани на 110 киловатниот далекувод Скопје 3 – Козле, во ТС Скопје 3, соопшти ЕВН.

Оттаму информираат дека на овој далекувод кој е во сопственост на ЕВН нема регистрирано дефект, туку не доаѓа електричната енергија од ТС Скопје 3 која е во сопственост на АД МЕПСО и потоа истата да се дистрибуира до корисниците.

Од ЕВН велат дека се утврдува која е причината за ова, но за да не останат корисниците подолг период без електрична енергија тие биле префрлени на други напојни точки. За 40 минути сите корисници повторно биле вклучени во дистрибутивната мрежа.

Изминатите два дена во истата ТС Скопје 3 на АД МЕПСО реагираше заштитата при што во прекин беше 110 киловатна врска на ЕВН Скопје 3-Запад. Дел од корисниците од населбите Водно, Капиштец, Козле, Карпош 2, Ѓорче Петров, Влае, Тафталиџе, Сарај  кратко време останале без електрична енергија.

Екипите на ЕВН веднаш реагирале, а корисниците биле префрлени на други напојни точки и било нормализирано снабдувањето со електрична енергија, соопшти ЕВН.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот