Таен состанок во Мадрид, на Реал му е понудена размена тешка 300 милиони евра

EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Шефовите на Реал и на Тотенхем имале средба во Мадрид.

Во Мадрид вчера е одржан состано помеѓу шефовите на Реал Мадрид и на Тотенхем, јавуваат шпанските медиуми. Состанокот требаше да биде таен, но новинарите успеаја да откријат за средбата.

Делегациите ги предводеа претседателите Флорентино Перез и Даниел Леви, а тема на разговорот беше и зимскиот и летниот преоден рок.
Според медиумите, Леви во Мадрид дошол по својот поранешен играч, Герет Бејл, а за возврат го понудил најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн. Притоа првиот човек на Тотенхем побара голема сума на пари кои Реал Мадрид треба да доплати за реализација на трансферот.

twitter/UEFA2020

Проблем во преговорите може да претставува проценката на вредноста на фудбалерите. Англиските медиуми пишуваат дека Леви сака да го продаде Хару Кејн за да ги амортизира трошоците за изградбата на новиот стадион кој го чинеше Тотенхем повеќе од милијарда евра.

Во Тотенхем сметаат дека летниот преоден рок е идеално време да се продаде најдобриот и најскап фудбалер, а Леви за него бара најмалку 250 милиони евра.

Реал Мадрид сака да го ангажира Кејн, но не му се допаѓа цената. „Кралевите“ ќе ја прифатат споменатата бројка доколку Тотенхем ја прифати нивната проценка на вредноста на Герет Бејл, која изнесува околу 110 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот