Таеквондо во Токио: Медалот на дофат, Георгиевски во полуфиналето на Олимписките игри

Фото: Македонски олимписки комитет

После триумфот во првото осминафинално коло над светскиот шампион, Дејан Георгиевски забележа уште една голема победа на таеквондо турнирот на Олимписките игри во Токио.

Македонскиот таеквондист во четвртфиналето со резултат 9:4 го елиминираше претставникот од Брегот на Слоновата коска, Сејду Гбане, во категоријата над 80 кг.

Нашиот натпреварувач немаше поен во првата рунда, во втората следуваше првиот поен после грешката на противникот кој потоа израмни на 1:1.

Следуваше првиот кик на Георгиевски за 3:1 и со таа предност заврши и втората рунда.

Во третата следуваше и најдоброто издание на Георгиевски во оваа борба, со добра одбрана и сигурни удари ја забележа и втората победа. Во првите 20 секунди од последната рунда, двајцата собраа по еден бод, по што Гбане израмни на 4:4 за неизвесна завршница. Македонецот потоа влезе во ритам и освои пет поени во низа за решавање на сите дилеми во оваа борба.

Според програмата во 09:45 часот следува и полуфиналето, Георгиевски ќе ги одмери силите против Кио Дон Ин од Кореја.

Во второто полуфинале Кинезот Хонѓи Сун за противник го има претставникот од Рускиот олимписки комитет, Владислав Ларин.

Таеквондо во Токио: Браво Георгиевски, Македонецот го елиминираше светскиот шампион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот