Таеквондо: Георгиевски испишува историја во Ријад, го совлада и првиот носител Соарес

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски/фото: facebook/Дарко Костовски

Продолжува одличниот настап на македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски на финалното Гранд-при во Ријад, Саудиска Арабија откако ја забележа и втората победа во категоријата + 80 кг.

По стартниот триумф над Шпанецот Иван Гарсија Мартинез, овојпат во четвртфиналето нашиот натпреварувач славеше и против првиот носител Икаро Мигел Мартин Соарес од Бразил.

На најелитниот и најважниот турнир во таеквондото, по Светското првенство, Георгиевски во две рунди со 2:0 (9:5, 6:0) го елиминираше Соарес.

Со овие две победи Македонецот има сигурна бронза, а сега ќе атакува за влез во финалето и борба за златниот медал.

Георгиевски испишува нова историја во Ријад, триумфираше против вториот и третиот таеквондист на светската ранг листа и чекори кон нови бодови кои ќе му обезбедат олимписка норма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот