Тадиќ: Оваа власт го создаде Беливук, треба да понесе одговорност, макар политичка ако не кривична

Некогашниот претседател на Србија Борис Тадиќ изјави дека место да ја слушаме српската власт како се фали со апсење на групата на Вељко Беливук, оттаму треба да се понесе одговорност за креирање на тој криминал, пренесе агенцијата Бета. 

Брутално ги мачеле, им сечеле глави и ги топеле во киселина, па си ги препраќале снимките: Полицијата откри нови детали за свирепата криминална банда

„Дури денес и да се искрени во борбата против овој клан, потребно е да понесат ако не кривична, тогаш барем политичка одговорност за соработка со тој клан во претходните осум години“, рече Тадиќ, сега претседател на Социјалдемократската партија, за новиот неделник Време. 

Како што наведе ова всушност е конечно признание на спрегата на режимот на Вучиќ со криминалот, за кое цело време зборувам во претходните години, а не борбата против организираниот криминал.

„Она со што денес власта се фали, за тоа би требало да одговара и да биде сменета“, бидејчи групите на Беливук не би постоеле да не беше Српската напредна партија на власт“, рече Тадиќ.

Тој наведува: „кланот на Беливук директно настана од системот на СНС, кој управуваше со криминалот на навивачките групи како свои парамилитарни фаланги“.

Според зборовите на Тадиќ „вистина е дека во Србија, од воведувањето на сестраната борба против организираниот криминал, водена е единствено во текот на четирите години на власт на Демократската партија“, како и дека „Се друго и пред и после тоа било помалку спрега на криминалот и државата или безбедносните служби“.

Вучиќ: Криминалната група околу Беливук беше ужасно силен огранок на мафијашкиот клан од Црна Гора

ВИДЕО: Завршен е увидот во викендичката на „стравот и ужасот“ на Веља Невоља, пронајдени се материјални докази и траги од ДНК

ВИДЕО: Страотни детали од мачењето на „Пинк пантерот“ Љепоја: Свирепите убијци 18 пати ги изнесувале парчињата од телото

„Падна“ нов член на групата на Веља Невоља: Уапсен екс полицаец од Лозница кој сменил идентитет во Владо Георгиев

ВИДЕО: По апсењето на Веља Невоља „Партизановци“ не се предаваат, испратија моќна порака до властите – Тајна од бункерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот