Тадиќ: Конференцијата на Вучиќ е кулминација на бизарноста и политичката патологија

epa03125531 Serbian President Boris Tadic gives a press briefing on the sight of a General affairs council at the EU headquarters in Brussels, Belgium, 28 February 2012. EU foreign ministers will decide whether Serbia should become a candidate for membership after it reached a key agreement with its former province of Kosovo. EPA/OLIVIER HOSLET

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ оцени денеска дека саботната прес-конференцијата на претседателот Александар Вучиќ, на која беа прикажани масакрирани тела, е кулминација на „бизарноста и политичката патологија во која е втурната Србија по 2012 година”, јави дописникот на МИА од Белград.

-Покажувањето на масакрирани тела, со што се кршат човековите права и на самите жртви и на нивните семејства, и покрај експлицитното барање на членовите на семејствата на потенцијални жртви, е нешто што не може да се замисли во ниту една нормална земја, изјави Тадиќ за „Данас”.

Според него, „криминалната група на Беливук (Веља Невоља), која всушност е откината тепачка фаланга на Српската напредна партија (СНС), отворено на социјалните мрежи ги киднапираше и злоставуваше своите криминални ривали, а претседателот на државата и неговите најблиски соработници (Братислав) Гашиќ- директор на БИА и (Ненад) Стефановиќ- министер на МВР и на одбрана, како и премиерката Ана Брнабиќ, со прст не мрднаа, ниту се огласија по тој повод “.

Жестоки напади врз Вучиќ по објавата на шокантни фотографии од злосторствата на Веља Невоља: Само претстава за народ, сиот криминал потекнува од овој режим

-Во која било нормална земја, сите тие, како челници на оваа земја, ќе мораа веднаш да си дадат оставка, наместо да се пофалат дека се наоѓаат во борбата против организираниот криминал, а всушност се работи само за пресметка во нивните редови, изјави Тадиќ.

Како што истакна, сликите што ги покажа Вучиќ „не се само слики на злосторства извршени од криминални групи, туку и слики на Србија под власта на Вучиќ”.

Од иницијативата „Да не го давиме Белград” оценија дека случајот со организираната криминална група на Вељко Беливук во голема мера претставува судир во рамките на владејачката СНС и нејзината олигархија.

Од оваа опозициска иницијатива наведоа дека криминалните кланови против кои денес се бори државата се „создадени, развиени и зајакнати за време на владеењето на Александар Вучиќ и СНС, при што истата таа власт покажала разбирање кон нив, не успевајќи да ги казни дури и кога се снимаа додека до смрт претепуваа други луѓе, со нив делеа исти ложи на стадионите, и им дозволуваа на своите деца да се дружат со нив”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот