Тадиќ: Денешна Србија е остварување на сонот на Шешељ

Фото: Миа

Поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија (СДС), Борис Тадиќ, изјави за магазинот Недељник дека седум години по смена на власта – Србија е остварување на сонот на Воислав Шешељ, дека заостанува зад регионот и дека ова е „златно доба” само за Александар Вучиќ и неговите луѓе.

– Србија е токму таму каде што ја поставија напредњаците, криминалците и белите (гласачки) листови – денес таа е простор за грабеж, политички простатилук, агресија и личната суета и комплексите на нејзиниот владетел и во сите сфери огледало на непросветлен апсолутизам. И тоа не пред се на Вучиќ, туку на вистинскиот идеолог и втемелувач на оваа власт – Воислав Шешељ, истакна Тадиќ.

Тој додаде дека Шешељ во суштина победил на изборите во 2012 година, додека Вучиќ е само неговиот најуспешен маркетиншки производ.

Тадиќ рече дека еден од најголемите проблеми во Србија е ниското ниво на разбирање на политиката, демократијата, начините на донесување на одлуки, а без тоа, како што кажа, нема цивилизирано општество.

-Верувам дека само голема и обновена Демократска партија (ДС) може да излезе во пресрет на овие предизвици, бидејќи и покрај нејзините недостатоци и грешки, таа е единствената партија во Србија која има акумулирано искуство на политички победи, и тоа не само изборни, туку и победи во реалните промени во општеството, рече Тадиќ.

Тој додаде дека затоа ја започнал обновата на ДС, за чие уништување, меѓу останатите, одговорни се и оние кои денес се на истакнати места во Српската напредна партија (СНС).

Тој порача дека моќта на бојкотот е во обединета опозиција и дека ќе биде покорисно доколку најавата за бојкот била истовремено и заедничка, но и дека се уште не е доцна да се исправат погрешните првични чекори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот