Тадиќ: Денешна Србија е остварување на сонот на Шешељ

Поранешниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија (СДС), Борис Тадиќ, изјави за магазинот Недељник дека седум години по смена на власта – Србија е остварување на сонот на Воислав Шешељ, дека заостанува зад регионот и дека ова е „златно доба” само за Александар Вучиќ и неговите луѓе.

– Србија е токму таму каде што ја поставија напредњаците, криминалците и белите (гласачки) листови – денес таа е простор за грабеж, политички простатилук, агресија и личната суета и комплексите на нејзиниот владетел и во сите сфери огледало на непросветлен апсолутизам. И тоа не пред се на Вучиќ, туку на вистинскиот идеолог и втемелувач на оваа власт – Воислав Шешељ, истакна Тадиќ.

Прочитајте и...  Извештај на ОН: Северна Кореја развила минијатурни нуклеарни уреди

Тој додаде дека Шешељ во суштина победил на изборите во 2012 година, додека Вучиќ е само неговиот најуспешен маркетиншки производ.

Тадиќ рече дека еден од најголемите проблеми во Србија е ниското ниво на разбирање на политиката, демократијата, начините на донесување на одлуки, а без тоа, како што кажа, нема цивилизирано општество.

-Верувам дека само голема и обновена Демократска партија (ДС) може да излезе во пресрет на овие предизвици, бидејќи и покрај нејзините недостатоци и грешки, таа е единствената партија во Србија која има акумулирано искуство на политички победи, и тоа не само изборни, туку и победи во реалните промени во општеството, рече Тадиќ.

Тој додаде дека затоа ја започнал обновата на ДС, за чие уништување, меѓу останатите, одговорни се и оние кои денес се на истакнати места во Српската напредна партија (СНС).

Прочитајте и...  Поранешниот шпански крал ја напушта земјата поради финансиски скандал: Ќе живеам во друга земја

Тој порача дека моќта на бојкотот е во обединета опозиција и дека ќе биде покорисно доколку најавата за бојкот била истовремено и заедничка, но и дека се уште не е доцна да се исправат погрешните првични чекори.

Прочитај повеќе

Русија следната година ќе започне со тестирање на вакцината против коронавирусот на деца

Слободен печат

Апасиев од Левица гласаше воздржано за дневниот ред на конститутивната седница

Весна Тодоровска

Почна конститутивната седница, Со 115 гласови „ЗА“, Шахпаска избрана за претседател на Верификационата комисија на Собранието (ФОТО)

Весна Тодоровска

Трамп со закана за државните агенции: Ако не вработувате Американци ќе бидете отпуштени

Слободен печат

Пад на невработеноста во Шпанија за прв пат од февруари

Слободен печат

Брнабиќ: Јас сум еден од двајцата кандидати за премиер на Србија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Доктор Коровешовска: Охридските журки ќе ни се удрат од глава за две недели кога ќе врие заразени од Ковид 19

Мирослава Бурнс

Силен земјотрес ја погоди југоисточна Турција

Слободен печат

Непријатно искуство: На Муцунски не му дозволиле да го внесе тротинетот во Собранието

Слободен печат

Мицотакис направи мали промени во грчката влада

Слободен печат

Од утре дожд и намалување на температурата

Слободен печат

НСГРИТГ најави протест – покачувањето на струјата е поради недомаќинското работење

Слободен печат