Тачи верува дека со помош на САД ќе се признае независноста на Косово

Фото: ЕПА

Претседателот на Косово Хашим Тачи верува дека дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на САД ќе доведе до признавање на независноста на Косово, а потоа, како што вели, до демаркација на границата и членство во Европската унија.

Тачи, според приштинскиот портал Лјами, има доверба во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Дијалогот што го водат (Ришард) Гренел и администрацијата на претседателот Трамп ќе заврши со конечен договор со Србија, што ќе резултира во меѓусебно признавање, по што следува демаркацијата на границата со Србиј”, рече Тачи.

Крајот на дијалогот, според Тачи, ќе доведе до членство на две држави во Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот