Тачи: Треба да се укине границата меѓу Косово и Албанија

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот претседател Хашим Тачи веднаш по враќањето од Тирана, каде што учествуваше на самитот на „Процесот Брдо-Бриони“, побара укинување на границата меѓу Косово и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на својот Фејсбук напиша дека денеска поминал низ граничниот премин Морина, кој, според него, „неправедно ги дели Косово и Албанија“.

„Тукушто ја поминав граничната точка во Морина, која неправедно ги дели Косово и Албанија. Оваа граница е поставена спротивно на волјата на Косово и на Албанија. Тие гранични руини треба да се отстранат еднаш и засекогаш. Косово и Албанија треба да имаат слобода на движење на граѓаните и на стоките според европските стандарди. Косовските и албанските институции треба да се охрабрат да ги донесат тие одлуки и тоа без и најмало одлагање!“, порача Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот