Тачи: Со Гренел зборувавме за дијалогот Косово-Србија

Тој рече дека улогата на САД е незаменлива во процесите низ кои поминува Косово.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи се сретна со Ричард Гренел, специјалниот претставник на претседателот на САД, Доналд Трамп за дијалогот Косово-Србија.

Тачи на Фејсбук рече дека на средбата е разговарано за политичката и економската ситуација во земјата и во регионот, како и за повторно започнување на дијалогот помеѓу Косово и Србија.

– Еден работен состанок со специјалниот претставник на претседателот Трамп за дијалогот помеѓу Косово и Србија, амбасадорот Ричард Гренел. Ние разговаравме за политичката и економска ситуација во земјата и регионот, како и за повторно започнување на дијалогот помеѓу Косово и Србија, напиша Тачи.

Тој рече дека улогата на САД е незаменлива во процесите низ кои поминува Косово.

– Ние ќе продолжиме да бидеме верен партнер на САД во заживувањето на стратешките интереси во Западен Балкан, додаде Тачи.

Според него, лидерството на Доналд Трамп ќе биде пресудно за постигнувањето на финалниот договор со Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот