Тачи се обрати на јавноста по средбата со Рама: Ќе поднесам оставка, ако го потврдат обвинението

epa08178687 President of the Republic of Kosovo Hashim Thaci reacts while talking to media following his meeting High-Representative of the European Union for Foreign Policy and Security Policy Josep Borrel (not in picture) in Pristina, Kosovo, 30 January 2020. High-Representative of the EU Josep Borrel is on two-days official visit to Kosovo. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Имињата на двајцата лидери на ОВК се појавија во контекст на можно подигнување на обвинение откако Тачи покрена сериозна политичка иницијатива насочена кон укинување на Специјалниот суд за злосторства на ОВК.

Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека ќе поднесе оставка доколу Специјалниот суд за злостроства на ОВК го потврди обвинението, чиј нацрт е подготвен од страна на обвинителството на тој суд.

„Следните денови, ќе се консултирам со политичките лидери околу наредните чекори. Ве уверувам уште еднаш, нема да се соочам со правдата од оваа канцеларија. Доколу обвининието биде потврдено, веднаш ќе поднесам оставка. Нема да дозволам овие лажни обвиненија да го свртат вниманието од Косово и можноста да го заземе своето место во меѓународната заедница, како членка на ОН, НАТО и Европската Унија“, рече Тачи.

Говорот на некогашниот политички лидер на ОВК однапред им беше поделен на медиумите.

Тачи пред медиумите излезе со неколку дена задоцнување и по разговорот со албанскиот премиер Еди Рама, кој обвинението против лидерот на Демократската партија на Косово го нарече „дел од поширок план на напад врз Косово и Албанците“, пренесе РТС.

Специјалното обвинителство на судот за воени злосторства на ОВК го предаде на советот на овој трибунал предлог обвинението, со кое некогшаниот политички лидер на ОВК Хашим Тачи и шефот на неговата тајна полиција Кадри Весели се товарат за убиство на 100 лица, како и низа други дела.

Иако не се објавени детали од обвинението, уште од крајот на 2017 година беше јасно дека обвинителството на новиот суд со седиште во Хаг покрена истрага против политичкиот лидер на ОВК и командантот на тајната полиција, но без објавување на било какви детали од таа истрага.

????NË PRISHTINË – Me Presidentin e Kosovës, Hashim Thaçi

Publiée par Edi Rama sur Lundi 29 juin 2020

Истрагата против Весели се водеше поради одговорноста која ја сноси како некогашен шеф на ШИК, разузнавачка служба на ОВК, а имињата на двајцата лидери на ОВК се појавија во контекст на можно подигнување на обвинение откако Тачи покрена сериозна политичка иницијатива насочена кон укинување на Специјалниот суд за злосторства на ОВК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот