Тачи: Рачак е кулминирачка точка на направените масакри на српската држава на Косово

Претседателот на Косово, Хашим Тачи после оддавањето почит во Меморијалниот комплекс во Рачак, му одговори на српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој рече дека масакрот во Рачак е измислен. Тачи пред новинарите рече дека Рачак е кулминирачка точка на направените масакри на српската држава на Косово.

-Треба да се потцетиме на минатото за да одиме напред кон подобра иднина за сите наши граѓани, за зацврстување на државата и за нашата евроатлантска иднина. Рачак е кулминирачка точка на направените масакри на српската држава на Косово. Србија изврши 400 масакри против цивили во Косово, има убиено околу 1300 деца и од државниот српски апарат се силувани околу 20 илјади жени, додека 13 илјади цивили се убиени- изјави Тачи.

Претседателот Тачи се заблагодари на Амбасадата на Швајцарија, која исто така реагираше на изјавата на Вучиќ за Рачак. Според нив, секоја изјава за војната мора да се базира на факти и треба да се покаже респект кон жртвите и нивните семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот