Тачи: Претставници на Касами вечерва дојдоа на коалициската средба со Заев – Беса демантира

Зоран Заев и Мендух Тачи на средба во јули годинава Фото: Facebook/Зоран Заев

Партнерите од владината коалиција вечерва се собраа во Владата на координација пред утрешното гласање за доверба во Собранието, а според претседателот на Демократската Партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, на средбата присуствувале и претставници на Движењето Беса. Од партијата за Слободен печат ја демантираат таа информација.

„Премиерот ќе продолжи со својата работа. Ова е многу добра вест. И мнозинството има стабилност, Владата ќе продолжи. Премиерот е овластен да разговара и со други партии, како и со други пратеници и очекувам дека утре-задутре ќе се придвижи бројот на пратеници кои ја поддржуваат оваа влада, која е проевропска и која сега го има својот капитален успех на 15 декември, отворањето на преговорите со ЕУ. Добри вести за граѓаните“, изјави Тачи по средбата.

Тој рече дека на средбата биле присутни сите лидери на партиите од коалицијата, „од господинот Ахмети до претставници на Движењето Беса“, но додаде дека се договориле да не се даваат премногу детали.

„Не е коректно да се каже дека ова мнозинство нема проблем. Проблеми има и ќе има. Ние не сме во една партија. Има различни партии и мнозинството беше тука“, рече Тачи.

Запрашан дали бил присутен и Биљал Касами, тој рече дека претставници на неговата партија присустувале.

„Утре малцинство ќе биде во парламентот“, нагласи Тачи, кој рече дека не верува оти утре ќе падне владата на Заев.

Од Движењето Беса во изјава за Слободен печат остро го демантираа тврдењето на Тачи дека нивни преставници учествувале на вечерашната средба кај Заев.

“Повторно зборувал Мендух Тачи!? Не вреди да се коментира. Толку сонува, што има халуцинации и кога нема претставници на Беса, му се чини дека има. Накратко: Тачи вечерва повторно излажа како и многупати досега, изјавија од Беса за Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот