Тачи: Пред нас се многу предизвици

Пратениците во Приштина синоќа ја изгласаа новата влада, која ќе биде предводена од лидерот на Самоопределување Алби Курти.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по повод формирањето на новата влада,  синоќа оцени дека пред Приштина се голем број предизвици.

-По фер и демократските избори Косово успешно ги воспостави сите институции, вклучувајќи ја и новата влада. Пред нас се голем број предизвици, но остануваме непоколебливи во напорите да ја консолидираме нашата државност и да го добиеме своето легитимно место меѓу народите на слободниот свет- порача Тачи на Твитер.

Пратениците во Приштина синоќа ја изгласаа новата влада, која ќе биде предводена од лидерот на Самоопределување Алби Курти.

Собранието го одобри формирањето на новата влада со 66 гласови за и 10 воздражни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот