Тачи: Подготвени сме да ја отстраниме границата со Албанија

Фото: Принтскрин

„Ние сме еден народ и имаме две држави, функционираме како две демократски земји“, вели Хашим Тачи.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи во своето новогодишно обраќање меѓу темите за кои што зборуваше беше и балканскиот “мал Шенген“.

Тачи рече дека на првата средба на оваа иницијатива, Косово не биле повикани да присуствуваат.

– Двете покани од Зоран Заев и од Еди Рама јас ги одбив. Косово не беше покането на првата средба. Јас не барам од Албанија, Северна Македонија или Црна Гора да не соработуваме. Јас сакам Косово да биде третирано како независна држава. Не може да ги ризикуваме нашите државни интереси за да ги унапредиме тие на Србија – рече Тачи.

Додаде дека Косово е подготвено да ја отстрани границата и царината со Албанија.

-Ние сме еден народ и имаме две држави, функционираме како две демократски земји – додаде Тачи.

Претседателот на Косово исто така зборуваше и за формирањето на новата влада во Косово. Тој рече дека го прифаќа барањето на Курти да се сретнат на 6 јануари за да му го додели мандатот за формирање на владата.

– Знам за тешкотиите за постигнување договор што е нормална работа и секако дека победничката партија го одредува партнерот. Имаме нова реалност во Косово. Секој договор го поздравувам и ќе се обидам да го туркам напред. Во интерес на Косово е да не се губи време – истакна Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот