Тачи: Подготвен сум веднаш да ги распишам новите избори

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска се сретна со претседателката на Централната изборна комисија на Косово, Валдете Дака, со која разговараше за подготвеноста на оваа институција за организирање на предвремени избори, доколку тоа биде потребно.

Тачи истакнал дека во согласност со уставната обврска што произлегува од член 95, ќе ги искористи сите можности во консултација со политичките партии претставени во Собранието на Косово да најде одговор за новата политичка реалност, јавува Зери.

– Доколку политичките партии не се во можност да дадат одговор на оваа нова политичка реалност во разумен рок, јас сум подготвен веднаш да распишам нови избори – рече Тачи.

Тој додаде дека од претседателката Дака бил информиран дека ЦИК е подготвен да организира предвремени избори во секое време.

Претседателот Тачи истакнал дека е од суштинско значење за Косово да има нова, функционална, ефикасна, поопфатна влада што поскоро, за да ги води напред важните процеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот