Тачи побара Македонија да го следи примерот на Турција за Рамазан Бајрам

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи на денешната партиска прес-конференција истакна дека Северна Македонија за празникот Рамазан Бајрам треба да го следи примерот на Турција. Таму е определено да има четири дена карантин и се препорачува празникот да се помине дома.

-Иако ние како земја не сме дел од високоразвиените земји имора да следиме како се однесуваат развиените западни земји. Од друга страна, како муслимани, ние мора да ги следиме и развиените земји кои имаат муслиманско мнозинство, во овој случај да ја земам Турција како пример. Особено ја следев позицијата на турската влада и нивните препораки за намалување на движењето за време на празникот. Мора да бидеме крајно внимателни, пандемијата не помина , рече Тачи.

Тој истакна дека граѓаните треба да  ги послушаат препораките на здравствените експерти кога станува збор за претстојниот празник и да останат дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот