Тачи по средбата со Ердоган: Косово и Турција дополнително ќе го зајакнат стратешкото партнерство (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот претседател Хашим Тачи по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул рече дека двете земји имаат пријателски односи и понатаму ќе го зајакнуваат стратешкото партнерство, пренесува Бета.рс.

Фото: Твитер

-Благодарен сум на претседателот Ердоган за пријатниот прием и продуктивната дискусија за сите прашања од заеднички интерес, вклучително и билатералната соработка, регионалните и глобалните прашања- напиша Тачи на Твитер.

Кабинетот на Ердоган објави дека двајцата претседатели појадувале денес во Павилјонот Вахдетин, резиденцијата на шефот на турската држава. Кабинетот на турскиот претседател не ги претстави деталите за состанокот.


Турција, една од првите земји што ја призна независноста на Косово во 2008 година, пред две недели ја критикуваше одлуката на Приштина за воспоставувањето на дипломатски односи со Израел и најавата дека ќе отвори амбасада во Ерусалим.

Во взаемно признавање со Израел, Приштина се обврза на Договорот меѓу Србија и Косово, кој беше потпишан на 4 септември во Белата куќа во Вашингтон. Документот во име на Косово беше потпишан од премиерот Авдулах Хоти.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот