Тачи: Писмата на Трамп го скицираа епилогот на дијалогот меѓу Косово и Србија, кој треба да заврши со меѓусебно признавање

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот претседател му оддаде признание и на специјалниот пратеник на Трамп за дијалогот Приштина – Белград, амбасадорот на САД во Германија Ричард Гренел и изрази очекување дека процесот на дијалог ќе се затвори во блиска иднина.

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп покажал големо внимание за јакнењето на мирот и стабилноста во Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на својата страница на Фејсбук напиша дека писмата што Трамп пред нешто повеќе од една година им ги упати нему и на претседателот на Србија Александар Вучиќ, „го скицираа епилогот на процесот на дијалогот меѓу Косово и Србија, кој треба да заврши со меѓусебно признавање”.

Косовскиот претседател му оддаде признание и на специјалниот пратеник на Трамп за дијалогот Приштина – Белград, амбасадорот на САД во Германија Ричард Гренел и изрази очекување дека процесот на дијалог ќе се затвори во блиска иднина.

– Под водството на претседателот Трамп и со одличната работа на амбасадорот Гренел имам целосна доверба дека овој процес ќе се затвори што поскоро со меѓусебно признавање на Косово и Србија. Благословени сме со постојаната поддршка на САД за косовскиот народ и држава, напиша Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот