Тачи од Хаг: Tука сум да го почитувам тоа за што сонував и се борев, слободно и независно Косово

Фото: ЕПА

Косовскиот претседател Хашим Тачи, пристигна во седиштето на Специјалното обвинителство во Хаг за да биде сослушан.

Пред обвинителството беа присутни и неколку десетици Албанци кои протестираат против обвинението против него и против лидерот на ПДК, Кадри Весељи.

„Јас сум тука денес да го почитувам тоа за што сонував и се борев. Слободно и независно Косово, засновано врз еднакви права, мултиетничко општество и владеење на правото. Подготвен сум да се соочам со новиот предизвик и да победам за мојот син, моето семејство, мојот народ и мојата држава. Никој не може да ја преработи историјата. Ова е цената за слободата. Јас верувам во мир, вистина и правда. Верувам во дијалог и добри односи со сите наши соседи. Косово е успешна историја и јас сум многу горд. Дестинацијата на Косово е членство во ЕУ, НАТО и трајно пријателство со САД“, рече Тачи пред обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот