Тачи од Хаг: Објаснив за сите мои активности за време на војната

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави вечерва дека завршило сослушувањето во Специјалното обвинителство во Хаг по четири дена, јавува Клан Косово.

„Откако завршив со сведочењето, многу сум задоволен што четири дена по ред имав можност да дадам објаснување за сите прашања кои се однесуваат на моите активности за време на војната и моите напори за мир и напредок“, истакнал Тачи, пренесува Косово Онлајн.

Специјалното обвинителство во Хаг на 24 јуни го објави обвинението за Тачи, како и за лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели и други лица за злосторства против човештвото и воени злосторства.

„Сега на ред е обвинителот и судијата да пресудат за моето сведочење. Верувам дека ќе имам праведно и непристрано судење за она што сведочев. Дека не направив ниту едно злосторство и дека војната беше праведна за слободата на Косово“, рече Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот