Тачи очекува наскоро да се постигне договор меѓу Косово и Србија

Хашим Тачи/ фото: МИА

Тој нагласи дека цврсто верува во посветеноста на Соединетите Американски Држави за да се постигне договор меѓу Приштина и Белград, кој, според него, ќе донесе до меѓусебно признавање на двете држави и зачленување на Косово во Обединетите нации.

Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека очекува оти во блиска иднина ќе продолжат преговорите со Србија и ќе биде постигнат конечен договор за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

По почестите кои ги оддаде пред меморијалот на војниците на КФОР кои го загубиле животот во Косово од 1999 година, кога силите на НАТО влегоа во земјата, Тачи рече дека Косово ги отстрани пречките за продолжување на дијалогот со Србија и дека веќе нема никаква причина за да се доцни со тој процес.

Тој нагласи дека цврсто верува во посветеноста на Соединетите Американски Држави за да се постигне договор меѓу Приштина и Белград, кој, според него, ќе донесе до меѓусебно признавање на двете држави и зачленување на Косово во Обединетите нации.

– Ние никогаш не сме имале некоја дилема во поддршката на САД и таква дилема не смее да се постави никогаш од никого. Треба да ги негуваме односите и да произведуваме позитивни аргументи за нашите пријатели, за САД, за да не поддржуваат во нашите напори за јакнење на државата и интегрирање во сите меѓународни институции – порача Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот