Tачи: Обединувањето на Прешевската Долина со Косово ќе го направам реалност

Фото: Фејсбук

Косовскиот претседател Хашим Тачи, денеска се сретнал со неколку поранешни лидери на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац-УЧПМБ.

По средбата преку Фејсбук тој соопштил дека обединувањето на Прешево, Бујановац и Медвеѓа со Косово е сон на секој Албанец.

Овој сон, според него, тој самиот ќе го направи реалност.

„Пријателска средба со некои од поранешните воени лидери на УЧПМБ. Обединувањето на Прешево, Бујановац и Медвеѓе со Република Косово е сон на секој Албанец што живее таму.  За овој нивен сон непрекинато и со политичка волја, работам за да го направам реалност”, напишал Тачи, пренесува Инсајдери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот