Тачи: Неизбежен е дијалогот со Вучиќ

Telegrafi

Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа изјави дека дијалогот со српскиот претседател Александар Вучиќ е неизбежен, бидејќи него го избра српскиот народ.

Како што пренесува Косово онлајн, Тачи во емисијата „ А Шоу” на приштинската телевизија „Т7″, говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, проговори и за односите со Вучиќ и истакна дека дијалогот со него е неизбежен.

-Него го избра српскиот народ, порача Тачи.

Тој, меѓутоа, оцени дека Србија се однесува непријателски кон Косово, но и додаде дека е потребно повеќе да се гледа во иднината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот