Тачи не го послуша Вучиќ да зборува на англиски

Косовскиот претседател , Хашим Тачи и неговиот српски колега Александар Вучиќ, денеска учествуваат на „Форумот на Бритислава“, меѓународна конференција организрана од Глобсец.

Како што јавува Зери.инфо, за време на конференцијата, на косовскиот претседател му било речено дека  може да се обраќа на албански јазик, но српскиот претседател побарал Тачи да зборува англиски. Ваквото  барање на Вуќиќ, Тачи не го зел предвид бидејќи неговиот говор го почнал на албански.

На овој форум посебен акцент е ставен на дијалогот меѓу Косово и Србија и постигнувањето на договор меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот