Тачи: Можен договор со Србија оваа година

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, во тиранскиот самит на Брдо-Бриони изјави дека е можно да се постигне договор со Србија во текот на оваа година.

-Таксата беше една легитимна и права одлука, така и ќе продолжи да биде. Треба безусловно да се продолжи дијалогот со можност за постигнување на договор за целосна  нормализација на ситуацијата.- истакна Тачи.

Косовскиот претседател напомена дека во текот на вчерашниот ден разговарале и со премиерот на Албанија, Еди Рама, за можноста на целосното отстранување на границата помеѓу Албанија и Косово како европски модел под чадорот на евроатлантските вредности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот