Тачи: Косово сега има водечка улога во дијалогот со Србија

Фото: ЕПА

Претеседателот на Косово, Хашим Тачи, одржа прес-конференција во врска со средбите што ги имаше со лидерите на политичките партии.

Тачи рече дека Косово сега има водечка улога во дијалогот со Србија.

– Косово секогаш бараше САД да биде на масата кога се дискутира за иднината на Косово и Западнен Балкан. Сега имаме водечка улога која го зголемува оптимизмот на граѓаните и на политичарите во Косово. Во рамки на транспарентноста и одговорностите кои ги имам, денеска одржав средба со лидерите на институциите – изјави Тачи.

Во врска со улогата на Европската Унија во дијалогот на Косово и Србија, Тачи изјави дека пред да се зборува за тоа треба да има визна либерализација.

-ЕУ е се уште без визија за Косово и за Западен Балкан, бидејќи неоправдано го држи изолирано Косово, и верувам дека е навреда што земјата не добива одлука за визна либерализација. ЕУ прво треба да донесе одлука за визна либерализација, и после тоа да смета дека може да има улога во дијалогот – додаде Тачи.

Тачи денеска не успеа да се сретне со премиерот на Косово и рече дека средбата била откажана од страна на Курти пет минути пред договореното време.

– Денеска беше планирана средба и со премиерот на владата Албин Курти, тој потврди дека ќе дојде во 13 часот, но пет минути пред да се случи средбата, истата беше откажана. Јас ќе се сретнам со него кога тој ќе оцени дека има интерес да се сретне со мене – изјави Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот