Тачи ќе се сретне со Вучиќ

EPA-EFE/DIMITAR DILKOFF / POOL

Косовскиот претседател Хашим Тачи за неколку дена ќе реализира нова средба со неговиот српски колега, Александар Вучиќ во Словачка, пишува денеска дневниот весник “Газета Експресс “.

“Газета Експрес“ дознава оти на 6 јуни Тачи патува за Братислава, Словачка, каде ќе учествува на конференција заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Весникот го контактирал Кабинетот на косовскиот претседател за ова патување, но не добиле одговор.

Словачките медиуми јавуваат дека конференцијата Глобсек е трета по големина во светот, а на нејзе учествуваат илјадници светски лица од 60 земји. Конференцијата ќе се одржи на 6,7 и 8 јуни. Од Канцеларијата на косовскиот претседател досега не е објавена ниту една инфрмација за отпатувањето на Тачи во Братислава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот