Тачи како доказ за бизнисот со дрога на „Курти и неговата група” го даде ова ВИДЕО

Според косовскиот претседател, „групата”, преку министерот Свечља, неодамна неуспешно се обидела да ги уништи доказите. Тој порача дека е време Курти и неговите соработници „да се соочат со правдата”.

Косовскиот претседател Хашим Тачи објави на својата страница на Фејсбук видео-клип, за кој тврди дека ги докажува криминалните дејствија на, според него, „групата” на премиерот во оставка Албин Курти и „политичкото семејство на министерката за правда” Албулена Хаџиу во бизнисот со дрога, јави дописникот на МИА од Приштина.

На овој начин Тачи ги продолжи обвинувањата на сметка на Курти, Хаџиу, вицепремиерот Хаки Абази и вршителот на должноста министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља, кои синоќа во интервју на ТВ Дукаќини ги нарече „криминална група”.

Видеото, кое е со лого на порталот „Инсајдери.орг” и трае 25 секунди, прикажува скриени одаи во објект во Приштина, каде што се наоѓаат простории во кои, во посебни услови, се одгледува марихуана, а има и лабораторија за производство на дрога.

Pamje ekskluzive nga laboratori i drogës së nipave të anëtarës së VV-së

Pamje ekskluzive nga laboratori i drogës së nipërve të anëtares së Vetëvendosjes Shkrimi: https://bit.ly/3fKQ89n

Publiée par InDoks sur Jeudi 14 mai 2020

Според косовскиот претседател, „групата”, преку министерот Свечља, неодамна неуспешно се обидела да ги уништи доказите. Тој порача дека е време Курти и неговите соработници „да се соочат со правдата”.

Прочитајте и...  Нелсон: Борбата против трговијата со луѓе клучна за БиХ да не ја загуби помошта од САД

– Овие снимки докажуваат една од инкриминациите на Групата Курти и политичкото семејство на министерката за правда. Тоа се снимки од една лабораторија за дрога во Приштина, кои со другиот член на оваа криминална група, Џељаљ Свечља, пред неколку дена се обидоа да ги уништат како инкриминирачки факти од депото за конфискувани и запленети работи. Време е да се соочат со правдата, напиша Тачи.

Тој синоќа ги обвини Курти, Абази и Свечља дека три дена едноподруго незаконски престојувале во одајата за прислушување во Поштата и телекомот на Косово (ПТК), за што од јавното обвинителство денеска изјавија дека ќе покренат постапка за утврдување на виситинитоста на наводите.

Курти ги нарече „лага” тврдењата на Тачи за наводната посета на ПТК, додека Хаџиу најави кривична пријава за клевета во врска со наводите дека членови на нејзиното семејство се бавеле со недозволена трговија со дрога.

Прочитај повеќе

Замениче, ви се брза на кафе во Приштина?

Следете ја во живо доцна ноќва првата претседателска дебата меѓу Трамп и Бајден

Слободен печат

Песков: Русија е подготвена со ЕУ да го разјасни „случајот Навални”

Маријана Митровска

Макрон жестоко се бори парламентот да не заседава само во Брисел

Слободен печат

Хрватска регистрираше 135 новозаразени со ковид-19

Слободен печат

Бес во Индија по смртта на тинејџерка која беше групно силувана

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нови санкции од Канада и Британија против Лукашенко

Слободен печат

Мицкоски слави роденден, соработниците го изненадија со торта (ФОТО)

Маријана Митровска

Србија 65 новозаболени од Ковид-19, еден починат

Слободен печат

Среде криза заминува медицински персонал- Главната сестра на Инфективна и две други си дадоа откази

Маријана Митровска

Рускиот историчар Дмитријев осуден на 13 години затвор поради сексуално злоставување на дете

Слободен печат

Нови рестрикции во Германија, на приватни собири до 25 лица

Маријана Митровска