Тачи ја поздрави одлуката на Уставниот суд за доделување на премиерскиот мандат на Хоти

Фото: ЕПА

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави синоќешната одлука на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото да го додели премиерскиот мандат на друга партија, доколку партијата што победила на изборите не може да го обезбеди потребното парламентарно мнозинство за да формира влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Уставниот суд на Косово синоќа донесе одлука со која му даде право на претседателот на државата да го додели мандатот за формирање нова влада на второрангираната партија на парламентарните избори, откако на владата предводена од лидерот на партијата победничка на изборите, Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти, Собранието ѝ изгласа недоверба.

Тачи преку својата страница на Фејсбук, по објавувањето на одлуката на Уставниот суд, порача дека цело време бил убеден оти, со доделувањето на мандатот на Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, постапил целосно во согласност со неговите уставни и законски надлежности и обврски.

– Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд во врска со оценката на уставноста на мојот декрет за мандатирање на господин Хоти за кандидат за премиер. Бев убеден дека секој чекор кој го презедов е во целосна согласност со Уставот на Косово и ме радува што тоа го потврди и Уставниот суд, напиша Тачи.

Тој ги повика политичките партии и сите институции „да покажат политичка зрелост, почит и посветеност на редот, законите и институциите на Република Косово”.

– Тие треба да ги почитуваат, прифатат и спроведат одлуките на врховниот авторитет во толкувањето на Уставот и усогласеноста на законите и другите акти со Уставот. Косово го чекаат многу предизвици и сега не треба веќе да се губи време со формирањето на новата влада, со целосен легитимитет од Собранието на Косово, напиша Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот