Тачи испрати до Собранието резолуција за обединување на Прешевската Долина со Косово

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, му испрати на косовското Собрание за разгледување и одобрување драфт-резолуција за барањата на Албанците од Прешевската Долина.

„Имајќи ги предвид постојаните барања на Албанците од Прешевската долина, упатени до институциите на Република Косово, за да помогне во нивната заштита и унапредувањето на нивната состојба и реализирање на нивните историски барања, во поддршка на членот 65.1 од Уставот на Република Косово и член 6.1 од Деловникот за работата на Собранието, во прилог на овој допис ви праќаме на разгледување и усвојување во Собранието, Драфт-резолуција за легитимните барања на Албанците од Прешевската долина “, се вели во придружниот допис на Тачи до претседателот на Собранието, Весели.

Во оваа драфт-резолуција, која ја има прочитано КосоваПресс, пренесува “ГазетаБлиц“, се вели дека институциите на Република Косово, преку оваа резолуција, се должни да ја почитуваат политичката волја на Албанците од Прешевската долина за обединување со Косово, изразена со референдумот од 1992 година како и со Војната на Ослободителната војска за Прешево, Медвеѓе и Бујановац.

Барањата на Албанците од Прешевската долина, односно на Албанците кои живеат во нивните автоктони територии, во општините управувани од Србија: Прешево, Бујановац и Медвеѓе, според нивната слободна волја за самоопределување, во оваа драфт-резолуција се наведува дека се легитимни барања, во согласност со меѓународното право и се барања во врска со историските и политичките права и правата на една популација која сака да живее слободно како сите народи на Европа.

„Барањата на Албанците од Прешевската долина се барања кои ја помагаат долгорочната стабилност на регионот и придонесуваат за воспоставување на долгорочен мир на регионот како и отворање ново поглавје во односите меѓу Косово и Србија. Република Косово ги поддржува барањата на Албанците од Прешевската долина и сите нејзини органи и институции ќе ги поддржуваат овие барања без никаква политичка или друга разлика “, се вели меѓу другото, во ова драфт-резолуција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот