Тачи го игнорира Курти за нов мандатор

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска не одговори на новинарско прашање дали е му даде мандат за составување нова влада на лидерот на Движењето Самоопределување Аљбин Курти.

Тачи беше во Преказ каде, по повод Денот на независноста на Албанија, положи цвеќе на спомен обележје на командант на ОВК Адем Јашари.

На новинарско прашање дали ќе му даде мандат за состав на влада на Курти, Тачи кусо одговорил: „Благодарам”, „Честитам”, пренесе Газета Експрес.

Косовската Централна изборна комисија вчера ги потврди официјалните резултати од вонредните парламентарни избори во Косово одржани на 6 октомври.

Според тие резултати, најмногу гласови освои Движењето Самоопределување, по него е Демократскиот сојуз на Косово, а цензусот го помина и коалицијата на Фатмир Љимај и Беџети Пацоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот