Тачи: ЕУ треба да го докаже партнерството со Балканот

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека новото раководство на Европската унија треба да докаже дека е одржлив партнер на регионот Западен Балкан, кој, според него, се наоѓа на политичка и историска крстосница.

На годишната конференција за Западен Балкан во организација на „Пријатели на Европа” во Брисел, Тачи нагласи дека јасната европска перспектива е клучна за гарантирање на долгорочниот мир и стабилност во регионот. Тој оцени дека новото раководство на Унијата мора да ја докаже визијата, храброста и лидерството, исполнувајќи ги ветувањата кон државите од Западен Балкан и докажувајќи дека се одржлив партнер на државите во ргеионот.

Според Тачи, одложувањето и доцнењето со проширувањето на ЕУ е всушност повик за нов хаос на Балканот.

– Стратегијата на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан креираше уверување дека Унијата и натаму дава одлучувачки поттик кон целите на Косово, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина во интеграцијата на ЕУ, но настаните кои следуваа нè демантираа сите нас – рече Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот