Тачи: Доколку судиите и обвинителите одлучуваат непристрасно ќе заклучат дека не сум извршил никакви воени злосторства

По осумчасовното сослушување, четврти ден по ред, косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа ја напушти зградата на Специјалното обвинителство во Хаг кога изјави дека одговорил на сите прашања од Специјалното обвинителство за време на војната во Косово и после тоа, за периодот што го покрива мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

-Многу сум задоволен што имав можност четири дена да сведочам за сите прашања во врска со моите активности за време на војната и моите напори за мир, стабилност, развој и напредок. Во текот на овие четири дена бев во можност да дадам информации за мојата улога, моите одговорности за време на војната, им рече Тачи на новинарите и во директниот пренос на косовската телевизија.

Тој оцени дека станува збор за продуктивни сослушувања, додека сега останува на обвинителите и судиите да одлучуваат непристрасно.

-Ако го сторат тоа професионално, можат лесно да заклучат дека јас не сум извршил никакви воени злосторства, рече Тачи.

Тој рече дека војната на ОВК била праведна и за слобода и дека тие ја имале поддршката за тоа од целиот свет.

Специјалното обвинителство на 24 јуни соопшти дека поднело обвинителен акт против Тачи и лидерот на ДПК, Кадри Весели, и осум други неименувани лица и дека биле обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот