Таблата со името на државата во фокус на грчките медиуми

Речиси сите медиуми во Грција, го објавуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој детално се пренесени ставовите на министерот Никола Димитров од вчерашната прес конференција, како и рекцијата на Атина, која што не беше позната во Грција.

„Димитров лут за министерката која го прекрши Договорот од Преспа – Реакција од Атина”; „Скопје: Во опасност Договорот од Преспа поради табла Република Македонија”; „Демарш од Атина до Скопје”; „Скопје: Турбуленции во Владата со таблата Република Македонија – реакција од Атина”; „Скопје: Провокативна постапка од министерката за труд”; „Лута реакција од министерот за надворешни работи на Северна Македонија за провокацијата од министерката во врска со името”. Тоа се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми кои ја пренесуваат веста за променетата табла во Министерството за труд и социјална политика, како и изјавата на шефот на македонската дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Речиси сите медиуми во Грција, го објавуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој детално се пренесени ставовите на министерот Никола Димитров од вчерашната прес конференција, како и рекцијата на Атина, која што не беше позната во Грција.

-Откако Договорот од Преспа стапи во сила (во февруари 2019) во сите министерства беа поставени натписи и табли со новото име на земјата „Република Северна Македонија”. Сепак, Мизрахи ја игнорираше оваа обврска на нејзината земја, како што произлегува од Договорот од Преспа и пред неколку дена во министерството со кое што раководи ја врати старата табла, пишува во текстот од АНА-МПА, што го објавува грчката телевизија АНА-МПА „Скај” на официјалниот сајт.

-Демарш до Владата на Северна Македонија од Атина, по постапката на техничата министерка за труд Рашела Мизрахи, која во министерството ја врати таблата на која името на соседната земја е заведено како „Северна Македонија”. Освен грчиот чекор, реакција имаше и од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, кој рече дека станува збор за „Флагрантно кршење на Уставот и законите”, пишува онлајн изданието на весникот „Нафтемборики”.

Целиот случај се најде и во синоќешните централни изданија на вестите на дел од грчките телевизии, а коментар стигна и од поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас кој побара официјална Атина да реагира.

-Владата мора да ја пријави во ОН, Рашела Мизрахи, министерката за труд на Северна Македонија, која доаѓа од сестринската партија ВМРО, за грубо кршење на меѓународното право и Договорот од Преспа. Исто така, веднаш да побара од ЕУ забрана за нејзин влез во сите земји членки, напиша Коѕијас на неговиот официјален „Твитер” профил. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот