Табела на медали: Кина и натаму на врвот, САД пред Јапонија

Фото: EPA-EFE/Kimimasa Mayama

Натпреварувачите од Кина, и по деветтиот ден на Олимписките игри во Токио, се на врвот на генералниот пласман според бројот на освоени златни медали. Учесниците од САД се пробија на второто место, на табелата пред домаќинот Јапонија.

Кинеските спортисти освоија 24 златни медали, а имаат уште 14 сребрени и 13 бронзени.

На второ место сега се Американците со 20 највредни медали. Треба да се напомене дека американскиот тим има најмногу освоени медали вкупно – 59. Јапонија е трета со 17 златни медали од вкупно 31 медал.

Австралија има 14 од најсјајните медали, Олимпискиот комитет на Русија 12, и Велика Британија 10.

Франција и Јужна Кореја освоија по пет златни медали, а Италија, Холандија, Германија, Нов Зеланд и Чешка освоија по четири.

Комплетната табела можете да ја погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот