Табела на медали: Јапонија изби на врвот, Словенија и Хрватска се „позлатија“

EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

По третиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Токио, домаќинот Јапонија избо на првото место на најуспешни нации. Јапонците имаат осум златни медали од вкупно 13 освоени, додека на второто место се искачи САД кој има седум златни одличја од вкупно 14 освоени медали.

принтскрин

Лидерот од првите два дена, Кина падна на третото место со шест златни медали, но и понатаму е најдобра во вкупниот број на освоени медали, со 18.
На четвртото место се проби Русија, односно Рускиот олимписки комитет кој има 12 освоени медали, од кои четири се златни.

На листата на освојувачи на златни медали се запишаа Словенија и Хрватска. Кануистот Бенјамин Савшек и го донесе златниот медал на Словенија, додека Матеа Јелиќ беше најдобра во таекводно и ја запиша Хрватска меѓу освојувачите на златни медали.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот