Табела на медали: Дејан Георгиевски ја стави Македонија меѓу освојувачите на трофеи

фото: Македонски олимписки комитет

Македонија конечно дочека да биде на листата на освојувачи на медали на едни Олимписки игри и тоа благодарение на 22-годишниот таеквондист Дејан Георгиевски.
Георгиевски го освои сребрениот медал во категоријата над 80 килограми, тој во финалето загуби од првиот фаворит Ларкин од Русија со 15:9.

На листата на освојувачи на златни медали се запиша и Србија и тоа благодарение на таеквондистката Милица Мандиќ која триумфира во категоријата над 67 килограми. Србија сега има три медали, по еден златен, сребрен и бронзен.

На врвот на листата на освојувачи на медали останува Јапонија која има 10 златни медали, додека САД и Кина имаат по едно златно одличје помалку. САД пак има највеќе освоено медали, вкупно 25 или четири повеќе од Кина.
На четвртото место се наоѓа Русија, односно Рускиот олимписки комитет со седум златни медали, додека Велика Британија досега  има освоено четири златни одличја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот