Таа се грижеше за принцовите, ги лекуваше раните на Лејди Ди, а потоа ја избркаа и фрлија сѐ што е нејзино

Фото: Профимедиа

Голема мистерија од британскиот двор е жената по име Барбара Барнс, која беше дадилка на принцовите Вилијам и Хари во осумдесеттите години, а потоа едноставно исчезна. Во 1982 година, откако го роди синот Вилијам, принцезата Дијана ја вработи 42-годишната Барбара Барнс како дадилка на нејзиниот прв син, по препорака на бароницата Ана Гленконер, чии пет деца ги одгледа Барбара до нивната 14 годишна возраст.

Фото: Профимедиа

Новата дадилка се грижеше за Вилијамс дење и ноќе, а потоа открила дека се грижела и за неговата мајка, која во тоа време имала 21 година, пишува „Дејли меил“. Дијана, која страдала од булимија, беше склона и кон самоповредување. Барбара ги преврзува нејзините рани, а притоа била „куче чувар“ на британската принцеза.

Фото: Профимедиа

Дадилката ја чувала собата на Дијана како да е Ватикан, а потоа ги презела и останатите простории во кои престојувале принцезата и нејзиниот син Вилијам.

Откако помладиот принц Хари се родил во 1984 година, Барбара добила двојна улога. Бидејќи бракот на Лејди Ди и принцот од Велс бил сериозно загрозен, Барбара на принцот Хари му била како втора мајка и била постојано со него додека Дијана присуствувала на добротворните настани, се борела со брачните проблеми, а принцот Чарлс бил на службени патувања.

Фото: Профимедиа

Вилијам и Хари ја нарекувале својата дадилка – баба, а таа секое утро го поминувала во собата на малите принцови за да си игра со нив додека не се разбудат нивните родители. Таа честопати и го придружувала кралското семејство на нивните патувања. Поради грижата што им ја пружала на принцовите, таа добила и титула на нивна „сурогат мајка“.

Сè изгледало идилично, но Дијана забележа дека Барбара е премногу приврзана за нејзините синови, а таа блискост почнала да и пречи.

Дадилката Барбара во рацете го држи принцот Хари – Фото: Профимедиа

„Чашата се прелила“ кога Барбара Барнс била на годишен одмор на Карибите, каде што присуствувала на роденденската забава на поранешниот работодавец на лордот Гленконер, а на таа забава се фотографирала со многу познати личности.

На Дијана тоа воопшто не и се допаднало, па и дала отказ. Наводно, принцезата наредила дадилката да биде протерана од дворот без трага и глас, а нејзините предмети да се спакуват и да се фрлат како никогаш да не била таму.

Фото: Профимедиа

На Барбара не и било дозволено ниту да се збогува со Вилијам и Хари, а притоа истрого и забраниле во иднина да им испраќа разгледници и писма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот