Таа незаборавна сезона во ЛШ: Дали голот на Гарсија е регуларен? (ВИДЕО)

фото: твитер

Мрежата не беше затресена, Вилијам Галас ја отстрани топката, но според судиите топката ја поминала гол-линијата, но и натаму не можеме да бидеме сигурни.

На денешен ден, пред точно 15 години, Ливерпул го совлада Челси во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите со 1:0 и така обезбеди „билет“ за Истанбул и оној легендарен финален меч против Милан.

Првиот меч заврши 0:0. Но, и натаму не е познато дали на возвратната пресметка погодокот на Луис Гарсија на почетокот од дуелот беше регуларен против лондонските „сини“.

Џерард ја упати топката во казнетиот простор, Чех го собори Барош, главниот судија не покажа на белата точка, продолжи играта, Гарсија го смени правецот на топката кон голот на Челси.


Мрежата не беше затресена, Вилијам Галас ја отстрани топката, но според судиите топката ја поминала гол-линијата, но и натаму не можеме да бидеме сигурни.

Уште една од причините зошто сега имаме ВАР ангажиран за сомнителните одлуки на натпреварите, но пред 15 години ваквата технологија сеуште не се постоеше.

Финалето таа сезона во ЛШ беше приказна за себе, Милан на паузата имаше водство од 3:0, но Редси не се предадоа, израмнија на 3:3, а потоа преку пенал серијата го освоија трофејот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот