Меган не го сака тоа – Принцот Хари поради неа се откажува од свое омилено хоби

Фото: Профимедиа

Британскиот принц Хари ќе се откаже од своето хиби – лов, бидејќи овој спорт не го сака неговата сопруга Меган Маркл, вели извор близок до парот, кој неодамна се пресели во Калифорнија.

Поглед во домот на Мел Гибсон на Малибу, Калифорнија, за кој се зборува дека го купија Меган и Хари и ќе се преселат тука / Фото: MEGA / The Mega Agency / Profimedia
Поглед во домот на Мел Гибсон на Малибу, Калифорнија, за кој се зборува дека го купија Меган и Хари и ќе се преселат тука / Фото: MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Во едно интервју, приматологот и борец за зачувување на природата Џејн Гудол (86) изјави дека принцовите Вилијам и Хари се големи почитувачи на природата, но дека се занимаваат со лов, при што користат и огнено оружје.

– Мислам дека Хари ќе престане да го прави тоа бидејќи Меган воопшто не го сака ловот, па претпоставувам дека кога станува збор за тоа, тука е крајот, додаде Гудол, пренесува Гардијан.

Иако се противат на недозволената трговија со животни и се борат за заштита на загрозените животински видови, и Хари и Вилијам се соочија со критики и беа мета на јавноста поради нивната склоност кон ловењето. Критичарите го осудија нивнтото партиципирање на ловот за Сандрингам Боксинг Деј во Квин Норфолк.

Фото: Принтскрин / Дејлимејл

Во 2014 година, фотографија од принцот Хари кога имал 20 години исплива во етерот, на која може да се воочи тој потрен на тело на мртов бивол кој тој го застрелал за време на патување во 2004 година во Јужна Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот