Таа му беше ментор, а тој ја изневери: Кејт Мидлтон најмногу страда од заминувањето на Хари

Profimedia
Фото: Profimedia

Овие денови сите очи се вперени кон Бакингемската палата.

Сите пишуваат за тоа како принцот Вилијам е повреден со одлуката на неговиот брат да ја напушти должноста како член на кралското семејство, но никој не ги спомнува чувствата на Кејт Мидлтон.

„Кога принцот Хари беше слободен, немаше никакви проблеми. Вилијам секогаш беше тука за него, како и Кејт. Кејт сега се чувствува премногу повредено. Пред Хари да се венча со Меган, Кејт му беше некаков вид на ментор, а сега не може да поднесе тоа што нејзиниот маж е толку вознемирен поради целата оваа ситуација“, вели добро информираниот извор.

„Вилијам направи се што беше во негова моќ да му помогне на братот за сите овие години и сега се чувствува изневерен со овие себични постапки на брат му. Тој смета дека Хари го погазил секој совет кој постариот брат му го дал“, додава истиот извор, пренесуваат странските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот