„Таа му беше како мајка, а не сопруга“: Бен Афлек имал „мрачни епизоди“, а Џенифер Лопез се трудела да го усреќи
Разделбата на пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек е една од најактуелните теми во светот на шоу-бизнисот, а сега откако Лопез официјално поднесе барање за развод на нивниот брак – речиси секојдневно се објавуваат нови заткулисни пикатерии од нивниот приватен живот.
Како што велат извори за списанието „Пипл“, пејачката долго време се борела со промените на расположението на нејзиниот наскоро поранешен сопруг. Лопез се обидувала да го исконтролира неговото лошо расположение, се грижела за него и често му се поставувала „мајчински“.
Изворите тврдат дека Афлек често бил фрустриран и имал свои „мрачни епизоди“, иако ја имал поддршката и љубовта од својата убава сопруга и трите деца со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.
„Џенифер потроши многу време за да се погрижи Бен да биде среќен и да има сè што му треба“, изјави извор за „Пипл“, додавајќи дека тој повеќе ѝ бил како син отколку партнер.
„Начинот на кој се грижеше за него беше речиси како со дете. Нејзините пријатели постојано ја потсетуваа дека таа не е одговорна за неговите чувства. Тој понекогаш беше многу чуден и мрачен, а Џенифер е сосема спротивно. Таа е многу благодарна за сè што има“, додаде изворот.
Извор близок до неговата втора поранешна сопруга Гарнер, исто така, тврди дека Афлек никогаш не се справувал добро со стресот.
„Тој нема добри вештини за справување со стресот. Лесно се фрустрира и често е нерасположен. Кога е опуштен и расположен, прекрасно е да го имаш околу себе. Но, почесто е вознемирен или фрустриран. Ќе се случи некоја ситница и веќе се чувствува промена во неговото расположение. Тој навистина не разбира дека неговото лошо расположение им влијае на луѓето околу него. Едноставно, на луѓето не им е пријатно да имаат толку голема негативност околу нив“, вели тој извор.
Сепак, деновиве актерот изгледа е среќен што сега е сингл.
„Веднаш е подобар штом има деловни проекти. Беше одличен и кога се во прашање децата. Сега го прави токму она што го сака и изгледа многу среќен“, тврди изворот.
Списанието „Пипл“ наведува дека Лопез и Афлек се разделиле „поради далечина“ бидејќи таа постојано патувала поради работата. Наводно, таа била постојано зафатена откако ја обновија врската во 2021 година. Лопез работела на осум филмови, глумела, продуцирала, правела музика и сл. Имала и модни проекти, промовирала производи за убавина и бројни соработки со познати брендови. Поради тоа, таа немала многу време за Афлек. Лопез планираше и летна концертна турнеја, но ја откажа за да му се посвети на семејството.
„Но, и покрај презафатениот распоред, таа напорно работеше и се трудеше нештата меѓу нив да функционираат. Сега е тажна поради крајот на нивниот брак“, откри изворот.
ФОТО | Бен Афлек на прошетка без Џеј Ло: Актерот се потруди да им покаже важен детаљ на папараците