ТАА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА ЗА НЕА БИЛА СЕ: Дали знаете како Аркан и Цеца меѓусебно се шегувале?

принтскрин

Цеца тврди дека Аркан во семејната атмосфера бил сосема поинаков од тоа што на прв поглед изгледал.

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан се венчаа во далечната 1995 година, па потоа ги добија и своите две деца, Вељко и Анастасија. Иако одамна го загуби сопругот, Цеца секогаш носталгично зборува за нивната љубов и заедничките спомени.

Во една прилика Цеца откри дотогаш непознати детали, односно, како тие двајца меѓусебно се шегувале.

„Јас него го нарекував Буцко, тој мене Цецко. Ми нудеше сигурност каква што жените сакаат. Се фалеше дека сум го „фатила“ на слатки, купувајќи му чоколадо. Не, Аркан на мене ми купуваше чоколадо. Запознав едно сосема поинакво суштество од тоа што го замислував. Јас него прва го бакнав! Аркан навистина беше строг, но само кон војската! Беше сосема поинаков човек во приватниот живот, тој беше неверојатно добра душа“, гордо раскажа Цеца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот